Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, изјави дека е отворен за продолжување на договорот со германскиот шампион и дека враќањето во Премиер лигата повеќе не е приоритет.

Кејн, кој ја освои Бундеслигата минатата сезона и со тоа конечно стигна до првиот трофеј во својата кариера, има договор со Баерн до 2027 година.

Иако имаше шпекулации за можно враќање во Англија, особено во Тотенхем, Кејн сега вели дека е фокусиран на Минхен и успехот со германскиот клуб.

„Можам да се замислам себеси во Баерн подолго од сегашниот договор. Сè уште не сме разговарале за тоа, но ако дојде до тоа, подготвен сум за искрен разговор“, изјави 32-годишниот напаѓач за Би-Би-Си.

Кејн е во одлична форма оваа сезона – постигна 19 гола за клубот и репрезентацијата.

Главни цели во понатамоѓната кариера на Кејн се освојувањето на Лигата на шампионите со Баерн или Светското првенство со Англија, што, вели тој, би му го отворило патот до „Златната топка“.

„Би сакал да ја освојам Златната топка. Тоа е трофеј што му припаѓа на најдобриот поединец од најдобриот тим. Затоа е потребна титула во Лигата на шампионите или на Светското првенство“, објаснува Кејн.

Во моментов, Кејн се подготвува за претстојните натпревари на Англија – пријателски натпревар против Велс и квалификациски натпревар за Светското првенство против Латвија.

Exit mobile version