Кедев: Филипче да објасни зошто потпаднал под политички притисоци од Владата

 

Гостин синоќа во Ноќно студио  на телевизија „Телма“ беше кардиологот Сашко Кедев, кој прв во светот имплементираше нова метода за спречување на мозочен удар.

Кедев повеќе не е во тимот на Кардиологија, која сега има двајца доктори кои немаат искуство со каротидно стентирање, па кажа дека Филипче го сметале за свој човек како талентиран неврохирург, како група од лекари клучни за овие иновативни интервенции.

- „Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднана да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри“, истакна тој во ноќното студио.

Според него министерот за здравство треба да образложи дека добивал притисоци од врвот на Владата. „Си ја зема одговорноста на себе, а многу брзо ќе се врати во фелата“.

Според него, Клиниката не е во состојба да гарантира безбедно лекување.

 

 

 

 

13.03.2018 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа