Кеба произведува природна вијагра - вели дека прв тој ја пробал

Српскиот пејач вели дека љубовта кон здравиот живот ја претворил во добар бизнис. Како се снаоѓа како претприемач, раскажува српскиот фолк пејач Драган Којиќ-Кеба:

– Јас сум веќе претприемач како естраден работник. Отсекогаш сум имал желба да се занимавам со алтернативна медицина. Веќе 20 години го сакам тој спој со природата. Ние правиме природни лекови за детоксикација, вијагра. Ги испробав сите мои производи и се уверив дека имаат своја магија и вистинската мерка за човекот. Во слободното време во текот на короната, се прашував што друго би можел да работам, така се појави идејата и сигурен сум дека сум на вистинскиот пат – рече Кеба за српски „Ало!“ и додал:

– Пријателите и пријателките ја пробаа, како и семејството и сите се задоволни. Што се однесува до машката популација, вие знаете што тие најмногу пробаа. Наскоро ќе правиме и капки за релаксација, но јас тоа прв морам да го пробам за да се осигурам дека производот е добар. Никогаш не треба да си играте со природата, и ова е вистинската комбинација – рече пејачот, инаку свекор на хрватската пејачка Северина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега