Казнети 49 пешаци на територија на Тетово

Денеска (20.05.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 49 пешаци од кои, осум за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 10 за минување на црвено светло.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, апелираат од МВР.

20.05.2022 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа