Кавга во програма во живо, српскиот доктор се заканил: Ќе станам и ќе си заминам, јасна е пораката да не се заминува од земјата

Откако српските водители Срѓан Предојевиќ и Јована Јоксимовиќ со гостите во студиото разговарала за овогодинешното летување, агенциите и поволните ангажмани дури и во септември, во програма во живо се вклучил и српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ, кој видно вознемирен од темата, на присутните им соопштил:

„Баш весело и пријатно, би сакал така да биде во нашите болници и ковид амбуланти, а нема да биде. Прашајте ги нашите колеги како им беше во јули, прашајте ги граѓаните, а да не зборувам за семејствата на починатите“, рекол тој.

Иако водителката се бранела со фактот, дека доброто расположение во студиото не било знак на несериозност, Тиодоровиќ не го прифатил тоа како изговор и се заканил:

„Ќе станам и ќе си заминам, ако не ми дозволите да го кажам тоа што сакам“, рекол тој, после што во студиото настанало молк.

„Кој вели дека граѓаните одат во безбедни земји? Која е таа безбедна земја во Европа? Кога тоа Црна Гора или Албанија биле сигурни, Хрватска се промени пред еден месец. Ве молам, бидете сериозни, имаме многу сериозна ситуација, несигурно е во сите земји повеќе од било кога и треба да внимаваме. Зошто Англичаните бегаа од Хрватска, Австријците, Германците? Повторно ние Србите испаѓаме најпаметни, па немојте ве молам“, рекол тој.

„Јасна е пораката да не се оди надвор од земјата. Секој може да ужива во Србија. Можам да ја разберам желбата за одмор, но да се однесуваме одговорно. Не сум сигурен дека сите го следат тоа што го зборуваме“, рекол докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега