Кавадарчанка удрена од возило по што возачот физички ја нападнал

Кавадарчанка синоќа пријавила во полициска станица дека била удрена од автомобил „голф“ со скопски таблички по што возачот застанал и физички ја нападнал.

Случајот е пријавен во полиција околу 22:30 часот, а според кавадарчанката, инцидентот се случил на улицата „Ваташа“.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека се работи на расчитување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа