Вчера во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати.
Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
- 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
- Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
- Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
- Израел со силен воздушен бран во Бејрут
- Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
- Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
- Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
- Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите


