Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци.
Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа.
Тие се приведени во полициска станица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
- Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
- Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
- Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
- 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
- Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
- Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
- Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија



