Вчера (17.12.2025) во 20:05 часот на крстосница од улица „Народен Фронт“ и улица „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(35) од Кавадарци.

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци.

При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта.

Exit mobile version