„Катица ви е странка во постапката чесен судe" - Одложено судењето за Талир

Судењето за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ со испрани околу 5 милиони евра „Талир" се одложи десетти пат, сега поради притворената Катица Јанева.

- „Специјалната обвинителка Катица Јанева, осомничена за криминал ви е странка во постапката чесен суде, а почитуваната обвинителка Ленче Ристоска на денешното рочиште е нејзин застапник. Бараме денешното рочиште да се одложи“, рече адвокатот Дончо Наков, пренесе СДК.МК.

Судијата Осман Шабани, откако ја ислуша обвинителката Ленче Ристоска реши да го одложи судењето за 3 октомври.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега