Катица Јанева завршила висока обука за борба против мафијата - Каков имот поседува

Откако се обелодени случајот „Рекет" во кој е уапсен Бојан Јовановски или Боки 13, а истиот ден таа реши да ја депонира оставката, Катица Јанева стана топ тема во медиумите.

Јанева потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија, а во минатото ја вршела функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Гевгелија, откако 10 години пред тоа била заменик на јавниот обвинител во градот.

Според пишувањето на Скопје1, Јанева има завршено и висока обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија. Таа е долгогодишен јавен обвинител, а поминала разни меѓународни обуки и специјализации пред да застане на чело на СЈО.

Нејзиното име се наоѓа и на листата предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Пишува дека предава кривично материјално и процесно право.

Катица Јанева во имотниот лист во Антикорупциската комисија има пријавено имот од над 250.000 евра. Наведено дека поседува моторно возило „рено 5 кампус“, трансакциона сметка во две банки. На име на нејзиниот починат сопруг, кој бил ветеринар, се водат плац во селото Конско во вредност од 1.000 евра, земјоделско земјиште од 1.930 квадрати во вредност од 20.000 евра и моторно возило ровер 45 во вредност од 20.000 евра.

Таа веќе 4 ден не оди на работа, откако во вторникот почнала боледување, информираат од СЈО за Пресс24. Боледувањето доаѓа само ден откако ја најави својата оставка, која ќе почне да важи кога ќе се најде нејзиниот наследник.

- „Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник.Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција, напиша Јанева за оставката.

Истиот ден кога Катица даде оставка Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор за изнуда на пари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега