Катица Јанева пристигна на погребот на својата мајка

Со полицајци специјалната обвинителка Катица Јанева пристигна во Гевгелија на погребот на својата мајка, јавува Сител.

 Во капелата на градските гробишта, полициските службеници ја спроведоа преку задниот влез.
 
Барањето за присуство на погребот, вчера до судијата на претходна постапка го упати адвокатот на Јанева. нејзината мајка почина по долго боледување вчера наутро.
 
Јанева заработи 30. дневен притвор и беше упатена во затворот Шутка за случајот Рекет.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега