Катица Јанева останува во домашен притвор - Апелација ѝ ја одби жалбата

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева останува во куќен притвор, бидејќи Апелациониот суд ја одбил нејзината жалба со која бараше да се брани од слобода, објави „Фокус

 

-Жалбата е одбиена, односно потврдено е првостепеното решение, што значи дека обвинетата останува во куќен притвор, изјави судијата Сафет Кадриу, за „Фокус“.

Ова значи дека и на наредното рочиште за случајот „Рекет“ закажано за 20 јануари, Јанева во Кривичниот суд ќе биде донесена со полициска придружба, од станот на нејзиниот син, во кој моментално престојува.

Во случајот „Рекет“ обвинет е и Бојан Јовановски, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега