Катица Јанева ќе биде однесена во болница

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватна клиника.

Судот го одобри нејзиното барање да се јави на кардиолошко-интернистички преглед.

Од нејзината одбрана велат дека се апсолутно неточни информациите дека таа барала спогодба за случајот „Рекет“, во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба.

– Апсолутно се неточни информациите, ние немаме поднесено никаква формална понуда за спогодба – изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за Плусинфо.

Специјалната јавна обвинителка втор месец е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“.

Првоосомничен е Бојан Јовановски а второосомничен е Зоки Кичеец кој е во домашен притвор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега