Катица имала само половина час да се прости од мајка си

Катица Јанева се збогува со мајка си. За да и оддаде последна почит, од затворот Шутка, беше донесена со полициска придружба до градските гробишта во Гевгелија. Полициските службеници, Јанева ја внесоа преку задниот влез на објектот, пренесува Сител.

Во капелата се задржа околу половина час, не присуствуваше на закопот. По кратката средба со најблиските од излезот на капелата, Јанева беше вратена во затворот во Шутка.

Според информации од управата на затворот Скопје, Катица Јанева нема да го дели просторот во хашкото одделение со двајцата осомничени за случајот Рекет на кои претходно им беше одреден притвор. Тоа е направено за да се избегне меѓусебна комуникација, велат од затворската управа.Додаваат дека Јанева е сместена во женскиот оддел а ќелијата ја дели со уште една затвореничка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега