Катастрофата во Нов Зеланд ја погодила и Австралија: Исчезнале 11 нејзини граѓани, а 13 е хоспитализирани

Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјавил дека 11 државјани од таа земја се водат како исчезнати, додека 13 се хоспитализирани после ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд.

Се претпоставува дека од петте жртви на ерупцијата на вулканот, тројца се државјани на Австралија, рекол Морисон.

„Се плашам дека вестите ќе бидат полоши за време на денешниот ден или во наредните денови. Ова е ужасна трагедија“, рекол Морисон.

Државјаните на Австралија биле најголемата група која го истражувала Белиот остров кога дошло до ерупција.

Морисон, инаку поранешен директор на новозелндската канцеларија за туризам и спорт, рекол дека специјален полициски тим од Австралија ќе отпатува во вторник во Нов Зеланд за да помогне во потрага по исчезнатите.

Австралиските државјани, 24 од нив на возраст од 17 до 72 години, биле дел од групата со крузерот која дошла на Белиот остров да го истражува вулканот.

Меѓу повредените, некои се во критична состојба и распоредени се во неколку болници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега