Катастрофален земјотрес во Турција - Спасовски и Заев велат подготвени сме да помогнеме

Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа ја погоди источна Турција.

 
-Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме, напиша на Фејсбук, премиерот Спасовски.
 
 
Сочувствои и доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.
 
 
-Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ, објави Заев на ФБ.
 
 
Во земјотресот со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер, според последните информации од турските власти, животот го загубија најмалку 19 лица, повеќе од 600 се повредени, а причинета е и голема материјална штета.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега