Катастрофален земјотрес ги погоди Туција и Грција- Егејското море се крена, закана и од цунами

 

Земјотрес со јачина од 7 степени ги стресе грчките острови и дел од Турција на Егејското Море, пишуваат медиумите.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир.

Според Си-Ен-Ен Турк, земјотресот се чувствувал сè до Истанбул.

Снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир. Во тек е потрага по исчезнатите во урнатите згради.

Министерот за внатрешни работи Сојлу рече дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир.

 

Снимките пристигнуваат од минута во минута. Покрај урнатите згради, подигнато е и нивото на морето во крајбрежните градови, така што улиците беа поплавени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега