Катастрофа: За само 3 месеци Македонија остана без цел еден град како Крушево

За само 3 месеци Македонија загубила еден град колку Крушево. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, само во октомври, ноември и декември лани  Македонија станала помала за 4530 граѓани бидејќи во овие 3 месеци се родиле 4935 деца но починале вкупно 9465 лица што значи дека природниот прираст повторно е негативен, тренд кој почна пред неколку години.
Веројатно трендот нема да продолжи со оваа динамика бидејќи во последните 3 месеци од минатата година има рекорден број на починати што се должи главно на ковид пандемијата која однесе над 3000 животи. Сепак загрижува податокот дека веќе подолг период во Македонија се раѓаат помалку деца од бројот на лица кои умираат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега