Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни земјотреси во краток временски интервал го погодија главниот град Каракас и поширокиот регион, оставајќи зад себе десетици загинати, стотици повредени и големи материјални штети.

Првиот со магнитуда од 7,2 степени, a само 39 секунди подоцна следеше уште поразорен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, ја погоди Венецуела во близина на главниот град Каракас. Тресење на тлото беше почуствувано и во соседна Колумбија.

Според Геолошкиот завод на САД (USGS), првиот земјотрес бил регистриран на длабочина од 13 километри, а вториот на длабочина од 10 километри. Како последица на моќните удари, бројни згради беа сериозно оштетени, а на улиците на Каракас беа видени противпожарни возила, додека некои жители, исто така, пријавија прекини во електричната енергија и интернетот.

Локалното население сведочи за огромниот интензитет на потресите кои предизвикаа паника низ градот.

„Овој земјотрес беше ужасен, дури и полош од оној во 1967 година“, рече Марија Ромеро, 80-годишна пензионерка од јужниот дел на градот.

Официјалните власти веднаш воведоа вонредни мерки поради сериозноста на ситуацијата на теренот.

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени, изјави привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез. Таа прогласи вонредна состојба откако два земјотреси го погодија главниот град.

Спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат луѓе заробени под урнати згради и други структури по разорните земјотреси во Венецуела. Повеќе од 500 работници за итни случаи работат на спасување на луѓе од урнати и оштетени згради во областа Чакао во главниот град Каракас, објавува CNN. Во земјотреси од ваков интензитет, најголема непосредна опасност е уривањето на згради и други структури.

Научниците од Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави веќе издадоа драматични предупредувања дека Венецуела би можела да се соочи со хуманитарна криза од невидени размери.

Според нивните компјутерски модели и анализи на интензитетот на плитките хоризонтални раседи, постои 44 проценти веројатност дека конечниот број на жртви ќе надмине 10.000 луѓе, додека проценките, исто така, оставаат застрашувачки 30 проценти веројатност дека бројот на жртви на крајот би можел да надмине 100.000.

Exit mobile version