Катарина сама се породила на предното седиште од автомобилот - нејзиниот сопруг Дејан управувал со возилото

Катарина Оцоколјиќ од Ивањице се породила сама на пат до проодилиштето, на предното седиште од автомобилот со кој управувал нејзиниот сопруг и родила здраво момче. Породувањето се случило во близина на чачанската болница.

Нејзиниот сопруг Дејан Оцоколјиќ рекол дека пордилните болки на неговата сопруга започнале околу 2 часот синоќа по полноќ и дека еден час после тоа тргнале во болница.

Патот бил лизгав, па тој морал да вози бавно.

-Во еден момент сопругата рече дека не може повеќе да издржи. Единствено на што се сеќавам е дека во еден момент го запрев возилото, се свртев и видов дека таа го држи бебето во раце, завиткано во нејзината јакна - рекол Дејан.

Тој додава дека неговата сопруга и бебето се во добра здравствена состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега