Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес.

Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум.

– Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој.

Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија.

Шпанската влада го отфрли предлогот.

– Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.

27.09.2022 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега