Касами и Заев на нова средба утринава

Лидерот на едно од крилата на БЕСА, Биљал Касами и премиерот, Зоран Заев, за утринава имаат закажано нова средба на која треба да дојдат до решение. 

Генералниот секретар на БЕСА на Касами, Аријанит Хоџа, изјави вчера за Тв21 дека тоа што е дискутабилно е во делот на уставниот закон што го регулира државјанството.

Придавката „македонско“ при преводот на албански, според Хоџа, има поинакво значење, поради тоа БЕСА предлага амандман според кој „за граѓаните од албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик да гласи ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’, на албански јазик да гласи ‘eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore’ (во превод ,,од Македонија/граѓани на Република Северна Македонија“, и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега