Картелот на синот на Ел Чапо е помоќен од полицијата: Во протестите поради неговото апсење загинале 8 лица

Мексиканската полиција го ослободила синот на познатиот нарко бос Ел Чапо, Овидио Гузман, откако поради неговото апсење претходно избиле нереди во кои загинале најмалку осум лица.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, смета дека полицијата правилно постапила кога го ослободила синот на Ел Чапо. 

Имено, кратко откако полицијата го уапсила Овидио Гузман Лопез во текот на рутинскиот претрес на неговиот дом, на улиците на Кулиакан дошло до судир меѓу силите за безбедност и припадниците на моќниот нарко-картел Синалоа.

При судирите убиени биле најмалку осум лица, а повеќе од 20 биле ранети.

Мексиканскиот претседател рекол дека одлуката за ослободување на синот на Ел Чапо спасила многу животи.

Во текот на судирите припадниците на картелот набрзо ја надброиле полицијата и таа се повлекла за да се спречат жртви. Истовремено напаѓачите го преплавиле градот и палеле автомобили.

Портпаролот на државната полиција за "Reuters" потврдил дека повеќе затвореници побегнале од затвор за време на хаосот, но нивниот точен број не е познат.

Еден од најмоќните светски нарко босови, 62-годишниот Ел Чапо, е осуден на доживотен затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега