Карлеуша се огласи првпат после погребот: Му се обрати нему и сите ги наежи

 

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ вчера во своето село Орловат беше на погребот на својот татко Милан Тошиќ.

Откако ги дозна тажните вести, Душко веднаш тргна од Кина во своето родно место.

По пристигнувањето на аеродромот тој отишол кај својата мајка Николета и сестрата Катарина, а неговата жена Јелена Карлеуша пристигнала подоцна во придружба на својата мајка Дивна, како и нејзиниот пријател и менаџер Зоран.

Јелена не се одвојувала од својот сопруг, постојано го гушкала и држела за рака. Ден по погребот, Карлеуша се огласи на Твитер каде на сите им се заблагодари за поддршката и утешните зборови.

„Им благодарам на добрите луѓе за утехата и поддршката. Им благодарам на медиумите на културното и прекрасно известување од погребот на Милан, починатиот татко на Душан“, напиша Јелена.

 

 

 

21.09.2018 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега