Кардиологот Ристовски со порака до граѓаните: Чувајте се и чувајте не, кој ќе ве лечи ако се разболиме и ние
Д-р Владимир Ристовски е специјалист по интерна медицина, супспецијалист по кардиологија, интервентна кардиологија, докторант по клиничка медицина во ГОБ „8 ми Септември“, во интервју за mms.mk кое министерот за здравство Венко Филипче го сподели на својот Фејсбук профил, кажа дека во Ковид Центарот во ГОБ „8 ми Септември“ досега биле третирани 80 пациенти со акутен миокарден инфаркт, а сепак биле позитивни на Ковид 19, токму таму беа и хоспитализирани случаите со најтешка клиничка слика како резултат на инфекцијата со невидливиот непријател. Во меѓувреме додека доаѓа наплив на пациенти со потешка клиничка слика на Ковид 19, медицинскиот тим од оваа болница работи 24 часовни дежурства.
Доктор Ристовски вели дека секојдневно се соочуваат со секакви ситуации, животни приказни,некои среќни, некои за жал несреќни, но и со скептици кои се уште не веруваат во т.н „тивкиот убиец“, односно сметаат деека не постои вируост Ковид 19.
„За жал се додека имаме такви луѓе кои што не веруваат ќе имаме и толку многу новозаболени и смртни случаи. Главен проблем е недисциплината, многу ретко кој носи маски, многу ретко кој одржува социјална дистанца, пазарите, дискотеките се преполни без да се почитуваат овие мерки. Народот уште си прави и прослави, па затоа сме кајшто сме. Жално е ова што се случува. Се додека не се прифати реалноста ќе имаме толката стапка на новозаболени и смртни случаи. Мораме да ги прифатиме основните начела за функционирање во состојба на пандемија. Цели фамилии на заболени пациент имаат изгубено повеќе членови. Во летниот период плажите се преполни, не се почитуваат никакви мерки за заштита, младите организираат прослави во затворени простории, а главно тие се главни асимптоматски преносители на болеста“, вели Ристовски
Тој објасни каква е најчестата клиничката слика, која доведува до смрт?
„Вирусот најчесто предизвикува горно и долно респираторни заболувања, потоа разни срцеви заболувања (акутен миокардн инфаркт, миокардитис), а неретко и воспаление и на мозочната обвивка. Пред одреден период моите колеги невролози имаа и еден млад пациент кој што беше излечен од оваа состојба која што беше предизвикана од Ковид 19 вирусот. Потешките форми на воспаление на белите дробови се комплицирани најчесто и со тромбоза (згрутчување на крвта) на белодробните артерии која што е акутна животно загрожувачка состојба и една од водечките причини за морталитет кај пациентите. Истот така кај голем број млади пациенти кои што ги третиравме како акутен коронарен синдром кои што беа Ковид позитивни установивме присуство на микро тромби во коронарните крвни садови кои што беше причината за миокарден инфаркт, без притоа да имаат напредната коронарна артериска болест. Поради овие факти и со следење на новите протоколи во светски рамки од пред некој месец беше ревидиран и протоколот за третман на овие пациенти. Секојднвно се повеќе се разбива митот на оваа болест, се менуваат протоколи, се дава биолошка терапија во нивниот третман, а се надевам дека и многу брзо ќе имаме и вакцина за Ковид 19“, кажа Ристовски и испрати порака до граѓаните да ги почитуваат мерките:
„Чувајте се, зашто здравјетот е најбитно . Не бидете скептици, верувајте од опасноста на вирусот, зашто кога ќе дојде на врата, не бира пол, возраст ниту религија, сите сте исти пред него. Здраствениот персонал е на работ на силите, кој ќе ве лечи ако се разболиме ние, разбијте ги митовите и теориите на заговор, заштитете се самите себеси, заштитете не и нас, бидете среќни што не имате. Голема благодарност до сите мои колеги и колешки кој се активно вклучени во лекувањето на овие болни“, заклучи д-р Ристовски.
Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа