Караван од автобуси од Македонија ќе тргне на митингот на Ердоган

 

Турскиот претедател Реџеп Тајип Ердоган ќе одржи митинг пред парламентарните избори во Турција во главниот град на Босна и Херцеговина на 20. мај, објави турската новинска агенција. Во Македонија постои голем интерес за посета на мититнгот.

„Нашите граѓани во Македонија веќе резервираа места, така што оттука ќе имаме речиси 50 полни автобуси. Сакам да нагласам дека од 2.000 резервации, околу 90 отсто се на нашите браќа и пријатели од Македонија. Aко даде Бог, на 19 мај во вечерните часови сите заедно ќе тргнеме кон Сараево“, изјавил Салих Утас, претседател на Унијатa на европски турски демократи (УЕТД) во Македонија.

Утас изјавил дека многу Турци кои живеат во Македонија се среќни поради претстојната посета на Ердоган, и дека во седиштето на УЕТД примиле бројни телефонски повици поврзани за оваа посета. 

 

 

 

17.05.2018 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега