Карантинот на кратко го препороди животот во морињата, а тогаш повторно се појавија луѓето

За време на карантинот животот во Медитеранот почна да цвета откако се подобри квалитетот на водата, а некои видови се преселија во области кои обично се окупирани од бродови и луѓе, потврдува италијанската крајбрежна служба.

Рестриктивните мерки кои во текот на два месеци беа во сила во Италија претставуваа извонредна прилика за анализирање на влијанието на човечките активности.

Крајбрежната служба уште во април земала примероци од водата од морињата, а исто така направила и снимки од подводниот свет. Некои видови на животни се видени во подрачја кои обично ги заземаат луѓето и бродовите.

Надлежните органи во Рим потврдија за Ројтерс дека е воочено значително подобрување на квалитеот на водата и намалување на отпадниот материјал во морето, дури и пред да бидат објавени резултатите од истражувањето. Китовите се забележани во близина на Сицилија, а делфини на места каде што бродовите беа стационирани пред пандемијата.

Сепак, пандемијата има и негативни последици. Ризик за подводниот свет сега се фрлените маски, ракавици и празни шишиња дезинфициенси.

Надлежните органи во Италија велат дека мерките за карантин им помогнаа на луѓето да имаат подобар увид во тоа како влијаат на животната природа и да сфатат оти мора да внимаваат на сочувувањето на природата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа