Карантин за речиси 200 луѓе кои летале од Закинтос: Летот бил полн со заразени без маски

На сите патници кои биле на летот од Закинтос за Кардиф им било соопштено дека ќе мора да се самоизолираат затоа што некои патници во авионот биле позитивни на коронавирус.

На летот од Закинтос кон Кардиф имало 193 патници и членови на екипажот, а досега 16 патници се тестирани позитивни на коронавирусот.

„Летот беше полн со себични „ковидиоти“ и нестручен екипаж кој не се грижеше премногу. Летот беше целосен дебакл, човекот до мене носеше маска на вратот. Екипажот не само што не го исфрли од летот, туку му даде и бесплатен пијалок кога им рече дека познава еден од членовите на екипажот“, изјави огорчената патничка Стефани Вајтфилд за „БиБиСи“.

Таа открива дека голем број на патници ги извадиле заштитните маски, шетале низ авионот и разговарале со другите патници.

Од авиокомпанијата "Tui" соопштија дека сите патници се придржувале до Ковид-19 протоколите за време на летот, вклучувајќи го и носењето на маски за лице.

Според првите податоци, на летот имало седум патници кои биле позитивни и претставувале опасност за останатите патници. Откако започнале да ги предупредуваат патниците, бројот на заразени пораснал на 16.

Само во текот на вчерашниот ден во Велика Британија беа регистрирани 1715 новозаразени, што е најголем број на денвни инфекции од 4-ти јуни.

Инаку, Грција и натаму е на листата на земји на владата на Велика Британија кои се ослободени од карантин, што значи дека карантинот не е задолжителен за патниците кои се враќаат од територијата на нашиот јужен сосед.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега