Карантин тандем: Шерифовиќ пееше, па се вклучи Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ преку „Инстаграм“ ги забавуваше своите илјадници фанови пеејќи познати песни од овој регион, а во еден момент во етер ѝ се приклучи првиот светски рекет.

Таа ја запеа песната „Пукни зоро“, а потоа се случи нешто што никој не го очекуваше.

Во кадарот на Марија се вклучи Новак Ѓоковиќ, а фановите беа воодушевени што ги гледаат заедно во ист кадар.

„Сфаќам дека ова никој не го очекуваше. Добра ли е песнава? Новак, добар ли си?“, му се обрати Шерифовиќ на Новак.

-Се распеав овде во теретаната. Секој на своето работно место. Ти благодарам. Супер сум, ми ја разубави вечерта. Во Шпанија сум моментално, рече Новак.

03.05.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега