Каракачанов: Скопје не може да нѐ надмудри, тие тропаат на вратата на ЕУ, а ние треба да ја отвориме

Бугарија нема да го смени ставот за Скопје по изборите, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов за Bulgaria ON AIR.

Во врска со најавите на премиерот Зоран Заев и другите политичари од Македонија дека спорот со Софија ќе биде решен на крајот на март, по парламентарните избори во Бугарија кажа:

„Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси.

И ова е глупоста во Скопје. Тие сметаат дека со трикови, со надворешен притисок врз Бугарија, можат да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика, која ја водат со децении, наместо да седнат чесно, фер, нормално, да имаат нормален дијалог, а не да се обидуваат да не надмудрат“, коментира Каракачанов.

Според него, Скопје не може да нѐ „надмудри“, затоа што „тие тропаат на вратата на ЕУ, а ние треба да ја отвориме“.

„Никако не можат да нè излажат. Тие можат да имитираат активност за уште 20 години, или можеме да седнеме и да ги решиме овие контроверзни прашања во рок од половина година или една или две години“, рече заменик-премиерот за телевизијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега