Каракачанов: Бугарија ќе биде против закажување на меѓувладината конференција на Северна Македонија и ЕУ

Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година Бугарија многу јасно изјави дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за ТВ Европа, пренесе БГНЕС.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена Драги Ѓоргиев, копретседавач на Мешовитата комисија за историја се однесуваше грубо. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.

Според БГНЕС, Македонија не го почитува договорот за добрососедство со Бугарија, иако е многу помек отколку договорот меѓу земјава и Грција. Токму поради непочитувањето на договорот, како што се вели во текстот, Бугарија минатата година донесе и рамковна позиција.

„Бугарската влада разви своја рамковна позиција, која беше одобрена од парламентот. Бугарската дипломатија се придржува до позицијата на владата и парламентот. Во оваа фаза, јас не гледам таква желба од страна на нашата дипломатија да го заобиколиме овој документ. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Јас во моментов зборувам во име на владата“, вели Каракачанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега