Караџовски: Да не се прават доктори тие што не излегле од канцеларија

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски рече дека во просек 80 отсто од сите регистрирани случаи со Ковид-19 се асимптоматски или се со многу лесна незначителна клиничка слика.

Тој рече дека 12 до 14 проценти имаат лесна клиничка слика односно се со лесно изразени симптоми, а два до четири отсто завршуваат на Клиника.

– За некого тоа се вика температура, слабост, малаксаност, кашлање, отежнато дишење, запушен нос, каде што пациентот ќе остане дома и ќе ја прима терапијата. Просечно, два до четири отсто завршуваат на Клиника. Овие два до четири отсто имаат најчесто воспалителен процес на белите дробови или некој друг коморбидитет што му ја усложнува клиничката слика, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на прашање и додаде:

-Најважно е да се почитува апелот за почитување на мерките, зашто немаме резервни здравствени работници. Немаме други со кои ќе направиме замена. Немаме ниту доволно епидемиолози и инфектолози. До последните капки пот од нас ќе работиме

Нема да го оставиме на цедило населението. Додека јас сум овде на прес-конференцијава, некој работи. И да не се прават најголеми доктори тие што никогаш не излегле од канцеларија – рече Караџовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега