Каније Вест и Ким Кардашијан во Белата куќа: Досега го подржуваа Трамп, а сега раперот се кандидира за претседател

Раперот Канје Вест соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД.

43-годишната рап-sвезда откри преку „Твитер“ дека има аспирации да стане американски претседател еден ден посочувајќи дека планира да влезе во трката оваа година.

Канје, кој има речиси 30 милиони следачи на платформата за микроблогирање, напиша:

„Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со верба во Бога обединувајќи ја нашата визија и градејќи ја нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите Држави“.

Амбицијата на Канје веќе доби поддршка од технолошкиот милијардер Илон Маск. Како одговор на објавата на Канје, тој напиша: „Вие ја имате мојата целосна поддршка!“

Сопругата на Канје, Ким Кардашјан-Вест, го поддржа планот на својот сопруг со објава на социјалните мрежи, дополнета со американското знаме.

Сепак, останува нејасно дали Канје сериозно има намера да се кандидира за политичка функција во ноември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега