Кандидат на мексиканските локални избори ја започна кампањата од мртовечки ковчег

Карлос Мајорга, мексикански кандидат на локалните избори, ја започна својата политичка кампања пред неколку дена од отворен мртовечки ковчег, предупредувајќи на стапката на насилство во градот Хуарез, кој стана „град на мртвите“ поради комбинација на пандемијата и небрежноста на сегашните власти.

На предизборниот митинг, што се одржал на мостот меѓу мексиканскиот пограничен град Хуарез и Ел Пасо, Тексас, Мајорга пристигнал во мртовечки ковчег. Тој бил придружуван од неговите соработници облечени во заштитна медицинска опрема, носејќи букети цвеќе во рацете, со цел да привлече внимание на бројот на жртвите на коронавирусот, кој надминува 200.000.

„Одлучивме да ја започнеме нашата политичка кампања од ковчегот затоа што сакаме да им испратиме порака на политичарите дека луѓето умираат таму поради нивната рамнодушност“, рече Мајорга и додаде: „Истите политичари кои претходно молчеа поради високата стапка на организираниот криминал молчат и сега кога се соочени со хаотична ситуација поради ковидот“.

Градот Хуарез се наоѓа во северната држава Чивава на границата со САД, во округот во кој работи Мајорга и е еден од деловите на Мексико најпогодени од криминал.

Илјадници кандидати за пратеници, гувернери и градоначалници веќе ја започнаа кампањата за изборите што ќе се одржат во јуни. За сериозноста на ситуацијата за која предупредува Мајорга, покажува и фактот дека досега починале 16 кандидати во кампањата.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа