Канада забрани извоз на поединечни лекови

Канада забрани извоз на одредени лекови кои се издаваат на рацепт со цел да спречи недостиг на медикаменти. Забраната е одговор на мерката што утре стапува во сила во САД, со која е овозможен увоз на лекови од странство поради пониска цена.

 

Иако медикаментите кои во Кнада се издаваат на рецепт се поскапи од другите земји, тие се значително поевтини од лековите во САД.

Голем број дистрибутери на лекови предупредија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира со увозот на медикаменти да предизвика недостиг на лекови во Канада.

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми побарувачката на лекови.

Во соопштението на канадското Министерство за здравство се истакнува дека Канада 68 проценти од лековите ги набавува од странство и дека е важно да се избегне какво било нарушување во снабдувањето со лекови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега