Канада се дави во вода - три лица го загубија животот

Најмалку три лица загинаа, а над 100.000 лица се евакуирани, во поплавите што ја зафатија јужната канадска покраина Алберта.

Полицијата соопшти дека три лица загинале и дека досега се откриени телата на двајца мажи.

Поројниот дожд доведе до излевање на реките Боу и Елбоу во олимпискиот град Калгари и ширум западниот дел на земјата. Околу 1.300 војници им помагаат на спасувачките екипи. Од Калгари се евакурани 100.000 лица и уште илјада од околните помали места.

 

најчитано сега