Камиказа со порака до скопјани: Не гласајте за Шилегов

„Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов“, истакнува кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски-Камиказа во првото интервју за „Република“ по локалните избори.

Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок. Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000. Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје Петар Георгиевски.

Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено, рече Камиказа.

Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат,но не излегло така. 

21.10.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега