Каменос: Коментарите на Заев ставија крај на секоја дискусија за опстанокот на Договорот од Преспа

Неодамнешните коментари на премиерот Зоран Заев од БЈРМ за „македонскиот" идентитет и јазик, „ставија крај на секоја дискусија во врска со опстанокот на т.н. Договор од Преспа", рече грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос како реакција на изјавата на Заев дека „ние сме Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик и никој не може да го негира тоа и дека македонскиот јазик ќе се изучува и во Грција, меѓу Македонците во таа земја.

„Иредентистичкото и провокативно однесување на Скопје покажува дека оваа земја не е подготвена да биде дел од меѓународната организација и ги оправдува сите оние кои од самиот почеток инсистираа на тоа дека тие се заробени во пропагандата на Мусолини и Тито", рече Каменос, лидер на помалиот владин коалициски партнер Независни Грци.

 

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега