Каменос: Единствената разлика во коалициската влада е името на Македонија

По завршувањето на состанокот на пратеничката група на Независни Грци, што помина без изјави за медиумите, лидерот на партијата и коалициски партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

-Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Според грчките медиуми, Каменос го одложил и интервјуто закажано за вечерва за грчката телевизија Стар.

Како што претходно објави МИА, лидерот на Независни Грци во разговор со новинарите рече дека средбата со Ципрас е одложена „додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега