Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 12 јануари ќе се одржи клучниот состанок со сопствениците и менаџментот на турската компанија „АКСА“, на кој дефинитивно ќе се зацементираат приоритетите за мега-инвестицијата во гасификација.

Одговарајќи на новинарски прашања во Кочани, Мицкоски истакна дека ако сè се одвива според планот, камен-темелникот ќе биде поставен на есен 2026 година.

„Физибилити студијата е веќе направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани. На 12 јануари очекувам да ги констатираме финалните чекори“, рече премиерот. Станува збор за инвестиција вредна една милијарда евра која треба трајно да го реши проблемот со енергетската стабилност и затоплувањето.

Exit mobile version