Камчева: Ми беше многу страв - Боки13 беше близок со Спасовски

Боки ме “советуваше” да не сведочам, а со Спасовски беа многу блиски. За сето тоа не разговарав ниту со мајка ми оти едноставно ми беше страв, особено од Јанева. Ова денеска го кажа сопругата на Орце Камчев, Камчева на сведочењето за Рекет.

- Со Орце се договоривме кога ќе излезе о притвор да го пријавиме случајит, па се сретнав со Горан Николовски од УБК. Му реков дека сум рекетирана, а тој праша зошто не пријавивме му реков дека многумина се вмешани, судии, обвинители и политичари поврзани со Боки, особено министерот Оливер Спасовски за кого сум уверена за блискоста, реке сопругата на Камчев.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега