Камчев нуди гаранција од 2 милиони евра за да добие времен пасош

Бизнисменот Орце Камчев до Кривичниот суд понудил 2 милиони евра во имот како гаранција за да добие нов времен пасош, потврдуваат од Киривчниот суд за „Фокус“ и посочуваат дека предметот е пратен во обвинителство на мислење.

Пред неколку дена обвинителката Лиле Стефанова, во чии раце повторно е истрагата за „Империја“, не се согласи осомничениот бизнисмен во да добие времен пасош, односно во наредниот период да ја напушти државата.

Камчев пасошот го бара за работни средби во странство, а претходната времена патна исправа ја доби со амин на екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега