Камчев: Ме ставија во притвор поради тоа што не им ги исполнив желбите

Сите дејствија што се случуваа со понудите на Бојан, Чифлиганец и Димишков, се докажаа дека сите тие три играчи ја отворија истражната постапка на 9. Ноември и ми одредија притвор, затоа што не ги исполнив барањата, што беа до мене доставени во претходните 3-4 месеци“, рече бизнисменот Орце Камчев на денешното рочиште за случајот „Рекет“, пренесува ТВ21.

„Кога влегов во притвор се ми беше јасно. Не можев да сфатам дека во држава која сака да биде членка на ЕУ и НАТО, и во која живеам, и во која имам вработено 3.000 луѓе, и дека може монструозно да се створи случај“, рече Камчев.

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега