Калуѓерки со денови завеани во манастир - порачале дека се добро и дека не сакаат да бидат евакуирани

Властите во Австрија се обидуваат да дојдат до неколку католички чесни сестри чиј манастир во Мариенпарадиз на Алпите е отсечен од светот поради големите врнежи од снег.

Австриската државна телевизија пренела дека чесните сестри од редот „Сестри на Витлеем“, имаат доволно храна и гориво и не сакаат да го напуштат манастирот.

Во манастирот, одалечен околу 50 километри од Слацбург, живеат околу 50 чесни сестри.

Како што наведуваат зимските служби се обидуваат да го исчистат снегот и дрвата кои паднале и ги блокирале патиштата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега