Калифорнија: Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку две од трите лица во него, соопштија официјални лица.

Авионите се урнале во четвртокот на локалниот аеродром во близина на градот Вотсонвил во американската сојузна држава Калифорнија, нешто пред 15 часот, се наведува во соопштението на градските власти на Твитер.

Аеродромот во сопственост на градот нема контролна кула за насочување на слетувањето и полетувањето на авионите, пренесува АП.

Во моментот на несреќата во двомоторниот Цесна 340 имало две лица, а во едномоторната Цесна 152 само пилотот, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Официјалните лица рекоа дека биле пријавени два смртни случаи, пренесе АП.

Авионите биле на висина од околу 60 метри кога се урнале, изјавил очевидец за локалниот весник.

19.08.2022 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега