Калифорнија: Маж влегол во црква и почнал да пука - има загинати и повредени

 

 

 

Маж отворил оган во презвитеријанска црква во Лагуна Вудс, Јужна Калифорнија, за време на неделниот собир на верници, при што убил едно лице, а петмина се повредени, пред да биде запрен. Според локалниот шериф, парохијаните кои го совладале напаѓачот и го врзале, покажале исклучително херојство.

Четворица од петте ранети се тешко повредени, соопштија претставници на округот Оринџ, потврдувајќи дека напаѓачот е маж на 60-годишна возраст од Азија и дека е во притвор, а замениците на шерифот на лице место пронашле два пиштоли.

Мотивот за пукањето не е веднаш познат, но истражителите не веруваат дека напаѓачот живее во заедницата Лагуна Вудс, град со околу 16.000 жители, кој е оддалечен околу 80 километри од Лос Анџелес.

Се верува дека повеќето од верниците кои биле во црквата за време на пукањето се од тајванско потекло, изјави Кери Браун, портпаролка на канцеларијата на локалниот шериф.

16.05.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега