Калеска -Ванчева: Сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација

Пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска -Ванчева, побара сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација кој влегува во собраниска процедура. Според неа, ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.

„Новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област. Со него, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација. Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција“, изјави Калеска -Ванчева.

Според неа, критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

„Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество. Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација“, рече Калеска -Ванчева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега