Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон, изјави дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа.
„Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен. Денеска се сретнавме во Лондон со нашите партнери од Западен Балкан со цел да ја продлабочиме соработката во областите на безбедноста, енергетиката и економијата. Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа“, напиша таа на платформата X.