Постојат процедури како се стекнува магистратура и докторат (или учебник и сл. ). Така постои и процедура за утврдување на плагијат и сл. “Sид на срамот” е импровизација. Не постои тело кое е квалификувано за такво нешто! Си играте играчки!, вака реагира на социјалните мрежи професорот Гордан Калајџиев.

Ваквата негова реакција доаѓа откако вчера министерката Весна Јаневска на брифинг со новинарите кажа дека ќе има ѕид на срамот за да се откријат имињата на сите кои си купуваат магистерски и докторски трудови.

Exit mobile version